Насловна / Вести / По воведувањето на новиот систем на собирање на отпадот, во Загреб 27% помалку мешан комунален отпад

По воведувањето на новиот систем на собирање на отпадот, во Загреб 27% помалку мешан комунален отпад

Првите податоци по воведувањето на новиот модел на собирање на отпадот во Загреб, покажуваат за 27% помала количина на мешан комунален отпад во споредба со истиот период минатата година, што е постигнато поради зголеменото сортирање на отпадот по видови. Притоа, одвоено е речиси 40% повеќе пластика, 36% повеќе биоотпад и 9% повеќе хартија. Овие резултати се соопштени на медиумите од страна на градската управа.

zagreb1

Gradonačelnik Tomašević bacio prvu ZG vrećicu, pa održao konferenciju za medije

Исто така, сознанијата зборуваат дека новиот модел е многу добро прифатен од страна на домаќинствата. Тој е во примена од 1-ви октомври годинава, и меѓу останатото предвидува собирање на мешовитиот комунален отпад секој ден освен во недела. Мешаниот комунален отпад граѓаните го собираат во сини кеси кои се наплатуваат, па според тоа имаат отивација најголем дел од отпадот да го селектираат и да го одлагаат во посебни контејнери. Граѓаните треба да ги остават сините кеси со мешан комунален отпад пред своите влезови во перидот од 20 до 22 часот. Доколку тоа се прави надвор од назначеното време, предвидени се казни.

zagreb3

 

Испрати коментар

Scroll To Top