Најголемиот хотел во поранешна Југославија, „Бриони“ повторно ги отвори вратите за своите гости, после повеќемилионски вложувања во реновирање. Хотелот со 230 соби е елегантно модернистичко здание во сред борова шума и со прекрасен поглед на Јадранот. Отворањето на хотелот на почетокот на 70-тите години од минатиот век било планирано со цел да ги угости меѓународните филмски ѕвезди кои доаѓаат на филмскиот фестивал од висок профил во Пула.
Денес, после реновирањето кое чинело 34 милиони евра (инвестиција на Arena Hospitality Group во соработка со Radisson), објектот е повторно „роден“ како Grand Hotel Brioni Pula. Ентериерот е исклучителен – полиран мермер, месинг и Swarovski кристали, а менито извонредно.