Новите власти на Нигер го забранија извозот на ураниум и злато во Франција.
„Имаме ураниум, дијаманти, злато, нафта, а живееме како робови? Французите не ни требаат за нашата безбедност“, се зборови на еден од учесниците на бунтот во оваа африканска земја, пренесува арапскиот весник „Мехр“.
Нигер е седми по големина производител на ураниум во светот, а француските медиуми наведуваат дека тој испорачува 15 до 17 отсто од ураниумот што се користи за производство на електрична енергија во Франција.
Ураниумот од Нигер снабдува 50 отсто од француските нуклеарни централи. Освен Франција, ураниум од оваа африканска земја увезуваат и други членки на ЕУ, како и САД.
Затоа, не е чудно што промената на прозападната влада во Нигер предизвика голема паника на Западот.
Ниту една земја во светот не е поважна за снабдување на европските нуклеарни централи од Нигер, потсетува германски „Велт“.
Воениот удар и немирите во таа земја најверојатно ќе го запрат снабдувањето на подолг временски период.
Пучистите го суспендираа уставот на Нигер и ги распуштија сите главни институции.
А предходно француската државна компанија го обезбеди своето присуство во Нигер во следната деценија. Со владата беше потпишан „договор за сеопфатно партнерство“. Со него се предвидува работа на рудникот за ураниум Сомаир во близина на градот Арлит на северот на земјата до 2040 година.
Сега ништо од тоа, новата влада не го признава тој договор и го забрани извозот на ураниум во Франција.