Државниот завод за интелектуална сопственост на Хрватска објавил збирка на патентите на Никола Тесла, кои овој гениј ги имал дури 271 во 26 земји. На овој начин, институцијата се придружила на одбележувањето на Националниот ден на Никола Тесла, еден од најголемите светски научници. Роден е на 10-ти јули 1856 година во селото Смиљан во Лика, Хрватска. Пред 10 години хрватскиот парламент го прогласи тој ден за Национален ден на Никола Тесла – ден на наука, технологија и иновации.
Изумите на Тесла претставуваат значаен придонес за човештвото, а од вкупно 271 патент дури 112 се одобрени во САД. Речиси во исто време со Вилхелм Рентген, тој експериментирал со X зраците, и изработил упатства за работа со нив. На крајот на 19-тиот век, пријавил патент за далечинско управување на бродови и возила. По негова идеја изградена е високонапонската лабораторија во Колорадо Спрингс. Тој прв укажал на можноста за безжичен пренос на енергија и информации.
По повод роденденод и во Србија се одржуваат „Денови на Никола Тесла 2024 – 20 години зачувување на наследството на Тесла“ кој траат од 27 јуни до 15 јули од Грачаница до Белград и Нови Сад.
Организатори се Тесла научната фондација од американскиот град Филаделфија и нејзината „ќерка“, организацијата Тесла научна фондација.
Централната програма на прославата започна со конференцијата „Научната фондација Тесла и Матица српската“ на 8 јули во Нови Сад.
Ден подоцна во белградски Коларац, сега веќе традиционално место на собирање на почитувачите на ликот и делото на Тесла, бројни предавачи од Србија, регионот и светот претставија што е тоа важно што се случуваше во претходните години, а е поврзано со наследството на големиот научник.
Како пратечка програма на конференцијата се одржуваат и две изложби.
Во спомен на роденденот на најпознатиот српски научник, На Кулата Белград беше емитувана светлосна проекција посветена на Никола Тесла. Исто така во Нови Сад на Петроварадинската тврдина каде се одржува 24. Егзит фестивал, свеченото отворање беше посветено на големиот научник Никола Тесла, чие име го носи главната сцена на фестивалот.