Насловна / Вести / По победата на европските избори, десничарите бараат укинување на забраната за возила на дизел и бензин

По победата на европските избори, десничарите бараат укинување на забраната за возила на дизел и бензин

Успехот на десничарските партии и слабиот резултат на „зелените“ на изборите за Европскиот парламент, предизвикаа загриженост за иднината на Европскиот зелен договор. Веднаш по објавувањето на резултатите, лидерот на Европската народна партија (EPP), рекол дека таа партија веднаш ќе инсистира нa укинување на забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Тој додал, дека нема да има ревизија на Зелениот договор во целина, имајќи предвид дека мнозинството закони од тој пакет веќе се усвоени во Европскиот парламент.

Според EPP, резултатите од изборите ја оправдуваат визијата на таа партија за помалку рестриктивен Зелен договор, истовремено уверувајќи дека нема да има назадување во поглед на остварувањето на климатските цели на ЕУ за 2050 година. Освен ставот за возилата, EPP најавува заштита на уште една област од ригорозната регулатива – земјоделството. Таквиот став е во судир со предупредувањата на независните научни советници, дека ЕУ не само што мора да ги задржи постоечките пoлитики, туку и да направи многу повеќе, посебно во поглед на емисиите од земјоделското производство.

Испрати коментар

Scroll To Top