Насловна / Вести / По осум години Њујорк го завршува проектот за засадување на еден милион дрвја

По осум години Њујорк го завршува проектот за засадување на еден милион дрвја

Milion drva vo Njujork2

Десетгодишниот план на Њујорк за засадување милион дрвја во градот заврши две години порано. Во паркот именуван по Џојс Килмер, поетот што ја напиша поемата „Дрвја“, во Њујорк неодамна беше засадено милионитото дрво.

Milion drva vo NJujork

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг прв го најави амбициозниот план во 2007 година. Тогаш тоа звучеше како недостижна цел.

Milion drva vo Njujork1

„Ниту еден град не успеал да постигне ваква цел“, изјави тогаш Дебора Мартон, извршна директорка на проектот за реставрација на Њујорк. Таа рече дека главна предност на планот е јавно-приватното партнерство меѓу нејзината организација и одделот за паркови, а користа за заедницата е огромна. Мартон сепак додава дека работата не е завршена. Одделот за паркови и проектот за раставрација ќе бидат зафатени околу одржувањето на зелените простори во годините што доаѓаат.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top