Насловна / Вести / По највисоката зграда, вештачката планина нов предизвик за Емиратите

По највисоката зграда, вештачката планина нов предизвик за Емиратите

Vestacka planina vo Emiratite

Обединетите Арапски Емирати се познати по своите мегаломански проекти – од највисоката зграда на светот, па до вештачките острови во облик на палма. Сега планираат да направат џиновска планина, со цел да собираат вода за која земјата е навистина жедна. Научниците работат на проект за вештачка планина која би создавала облаци, кои потоа ќе бидат „засејани“ и ќе обезбедуваат дожд. Плановите се се уште во почетна фаза, па затоа не се објавени детали за тоа колку ќе биде висока планината и каде точно ќе се наоѓа, ниту пак за тоа колку ќе чини оваа инвестиција.

Vestacka planina vo Emiratite3

Стручњаците од Универзитетската Корпорација за атмосферски истражувања (UCAR) во Колорадо, во моментот работат на детална анализа на моделот. „Сакаме да го анализираме влијанието врз временските прилики со помош на таква планина, колку истата би требало да биде висока и каков пад треба да има„ вели раководителот на проектот, најавувајќи го извештајот за првата фаза од студијата за ова лето.

Vestacka planina vo Emiratite1

Планините сериозно влијаат на регионалните и глобалните временски прилики, така што влијаат на подигање на топлиот влажен воздух и создавање на облаци, односно дожд. Целта е овој процес да се предизвика со структура која ја изградил човекот. Денес постојат начини вештачки да се влијае на што поголема количина на врнежи. (т.н засејување на облаци), но доколку вештачката планина биде доволно висока, можеби ќе биде во состојба природно да создаде услови за дожд.

Vestacka planina vo Emiratite2

Во Обединетите Арапски Емирати, дожд има само неколку дена годишно, додека температурите достигнуваат 43 степени Целзиусови. Со цел решавање на овој проблем, „засејувањето на облаци“ веќе се применува во оваа земја. Методата се состои во засејување на атмосферата со хемикалии (на пример со авион), како сребро јодид, кои влијаат на формирањето на ледени кристали. Ова функционира благодарение на процесот познат како нуклеација, односно кондензација на мала количина вода во воздухот околу ледените честички.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top