Насловна / Архитектура / По консултација со стручната јавност преовлада разумот за изградба на нов Клинички центар

По консултација со стручната јавност преовлада разумот за изградба на нов Клинички центар

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Тој порача дека во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.
Според него, тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, како што наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.

дуп
За постоечката локација министерот изјави: „Тоа место е угушено. На тоа место дури и со новиот проект немаше да се постигне добро сообраќајно решение. Немаше да има доволно паркинг места и улицата Водњанска и натаму ќе останеше тесно грло, особено за граѓаните кои живеат во околината, а истовремено немаше да обезбеди добар пристап до болничката услуга. Новиот проект немаше да ни обезбеди модерен Клинички центар како во развиените земји“.
Министерот за здравство посочи дека постојат одредени финансиски обврски согласно предходно потпишаниот договор за изградба на Клинички центар, но Владата ќе се обиде да договори ново решение и да не се плаќаат пенали.

3 коментари

  1. NIKOLINA SHANDEVSKA dipl.grad.inzh.

    SE PRASHUVAM KOJ KE GI OPRAVDA NAPRAVENITE TROSHKOVI DOSEGA ZA PREDHODNIOT PROEKTOT SO SITE FAZI KOJ CHINI POVEKE OD 1500000€ I RUSHENJETO NA POSTOJNATA GINEKOLOGIJA ?! KADE BEA INTELEKTUALCITE GRADEZHNICI, ARHITEKTI, PROFESORSKATA FELA I DOKTORITE? NO SEPAK DA SE TESHIME DEKA SEKOJA GRESHKA UVIDENA NA VREME NE E GRESHKA!! Nesuden uchesnik vo predhodniot proekt !!!!!!

    • Vreme e da se zapochne so kvalitetni reshenija a ne so krpenici.Krpa na krpa zakrpa….i taka vo nedogled…Ako postoi pravna drzava,moral vo taa drzava neka gi osudi storitelite na glupostite.A ovaa segashnava podobro da go plati toj miljon i polovina,otkolku lugje da ni umiraat vo brza pomosh poradi zagushen soobrakjaj…

  2. Петров

    Убаво е тоа што ќе се гради нов Клинички центар во Злокуќани. Но што ќе правиме со Скупи кој се протега на 44 хектари токму таму и бил еден од најголемите градови на Балканот во римскиот период, а она што е ископано е само 3-5% од некогашата колонија? Дали Владата на РМ е свесна дека градењето на овој клинички центар ќе мора да се оддолжи за 5-10 години поради археолошки ископувања чии ресурси во спротивно ќе бидат засекогаш загубени? Би рекла една исклучително непресметана и катастрофална одлука со која се прави огромна штета на светско културно наследство како Скупи. Би сакала да ги знам имињата на архитектите кои го дале овој предлог и се надевам колеги дека нема да ги пикнете главите како ној во песок ако треба да го кажеме своето експертско мислење за случајов. Ама познавајќи ве, подобро да си пукнете и ич да не коментирате, оти од такви колеги ко вас шо ќутат и мутат ни пропадна археологијата во државава“, предупредува археологот Василка Димитровска во својата објава на фејсбук.

Испрати коментар

Scroll To Top