Ресторанот „Savoi“ во Хелсинки, кој сопружниците Аино и Алвар Алто го завршија уште во далечната 1937 година, повторно е отворен. Меѓутоа, по повеќе од 80 години услуга и делумни работи на реновирање, ресторанот изгледаше „прилично пусто и повеќе од малку корпоративен“.
Повеќе од осумдесет години, ова место претрпувало измени и реновирања, а сега е вратено во својата порвобитна состојба. Дизајнерката на ентериери Ilse Cravford со своето студио Studioilse од Англија, направиле мали промени во вид на модернизација на ресторанот. Реновирањето подразбирало реставрација на сите оригинални конструкции и инсталации. Врз основа на стари фотографии, се вршело реновирањето за да се постигне некогашниот просторен распоред.
Компанијата „Artek“, која ја основал самиот Аалто, учествувала во проектот за обновување и тапацирање на оригиналните столици и додавање на некои класични парчиња, кои неодамна беа вратени во нивната колекција, како што се лустерот А201, златното ѕвоно и специјалната верзија на столицата 611.