По 65 години, општина Центар комплетно ја реконструираше градинката „13 Ноември“. Од дотраениот и руиниран објект, останаа само ѕидовите. Се друго е ново, квалитетно, современо и според сите највисоки еколошки стандарди за ваков тип на објект. Градинката е на површина од 2350 м2, и денес децата добија многу подобри услови за престој и воспитување.
Фасадата е енергетски-ефикасна, со весели бои. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите и целосно е обновен подрумскиот простор, каде што се сместени сушара, перална и машински простории за парно.
По долги години, конечно е решен огромниот проблем со влагата, кој имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените.
На местото на искршениот и опасен паркет и ламинат, поставен е нов и квалитетен паркет. Градинката доби нови, нелизгачки плочки, прозорци, грејни тела и нови изолациски подови.
Според стандардите за производство и пласман на храна-HACCP, кујната е изработена според сите стандарди, а храната се доставува со лифт.
Поставени се и две рампи за децата со посебни потреби.
Градинката „13 Ноември“ е современ, енергетски ефикасен објект, реконструирана со најквалитетен еколошки материјал, а децата добија услови како од бајките.