По 64 години, градинката „13 Ноември“ целосно ќе се реконструира и ќе биде извршено неопходното проширување.
Општина Центар излезе во пресрет на барањата на родителите за подобрување на условите каде што престојуваат нивните деца. Реконструкцијата ги опфаќа канцелариите, занималните, комуникациите, санитариите, кујната и техничките простории.
Градинката ќе стане енергетски ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето ќе бидат со најсовремени еколошки материјали.
Конечно, ќе се реши огромниот проблем со руинираниот паркет и ламинат, како и со влагата која имаше штетни последици врз здравјето на децата и на вработените.
Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, ќе се дислоцираат до постоечкиот приклучок во градската канализациона мрежа.
Ќе се изврши целосна реконструкција на подрумскиот простор, приземјето и катот и на истиот ќе има зголемување на површината.
Според стандардите за производство и пласман на храна (НАССР), за другите клонови и за опслужување на чајната кујна во градинката, која ќе се наоѓа на првиот кат, за прв пат ќе се постави лифт за храна.
Градинката ќе има нови плочки, прозорци, грејни тела, подови, како и нова електрична инсталација.