Зградата на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, кај „Сава Крањ“, изградена далечната 1960-та година, доби нов лик.
Фасадата го задржа автентичниот изглед, но сега е со печат на новото време. Самите станари избраа светла подлога, со акценти во сина и жолта боја.
Зафатот, кој го направи општина Центар, е на 4800 м2. Граѓаните, освен нова модерна фасада, добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење.
На барање на станарите, бојадисани се и надворешните врати, офарбените се и оградите од терасиите и лоѓиите, поставени се дополнителни и поголеми олуци.
Проектот за реконструкција на детско игралиште, кое се наоѓа позади зградата, е во подготовка, а општина Центар ќе го обнови и зеленилото околу објектот. Игралиштето ќе биде по европски стандарди, со современи реквизити и гумен под поради безбедноста на децата.
Зградата кај „Сава Крањ“ има посебно значење. При оформување на Градскиот зид, водено е сметка да стане дел од комплекст со поместување на соседните кули.
Таа е дел од историјата на модерно Скопје, и токму затоа беше важна рекострукцијата и сочувувањето.
Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар.
Оваа осма енерегетски-ефикасна фасада која што ја направи општина Центар.На ред е фасадирањето на зградите на улицата „Владимир Полежаноски“ бр. 19 (поранешна „Иван Милутиновиќ“) и на булеварот „Илинден“ бр. 83.