Денеска, градоначалникот на општина Центар додели 25 решенија за легализација на објекти на улицата „Белградска“. Со ова, овие жители на Центар по долги години стануваат сопственици на своето.
Граѓаните се презадоволни од тоа што конечно, по децениско талкање низ институционалните лавиринти, успеале да добијат своја сопственост на објектите.
Повеќето од овие објекти се однесуваа на објекти изградени веднаш по земјотресот од 1963 година.
Општина Центар, досега додели 2.500 решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект.
Рокот за легализација на објектите завршува во март 2017 година, а до декември оваа година е рокот за поднесување на геодетски елаборати.