Насловна / Архитектура / По 26 години, резиденцијата на Чаушеску отворена за јавноста

По 26 години, резиденцијата на Чаушеску отворена за јавноста

Rezidencijata na Causesku

Пале Примавери (Пролетниот дворец) минатата недела беше за првпат отворен за јавноста, цели 26 години по падот на режимот на Чаушеску. Се работи за резиденцијата на Чаушеску и неговото семејство, изградена во поранешната елитна населба на комунистичката номенклатура во периодот 1964 – 1965 година.

Rezidencijata na Causesku2
Според соопштението на властите, брачната двојка Николае и Елена Чаушеску и нивните деца Зое, Валентин и Нику, во неа престојувале од 1965 до декември 1989 година, кога по протестите во центарот на Букурешт, го напуштија градот, а набрзо потоа беа уапсени и осудени на смрт.

Rezidencijata na Causesku3
Резиденцијата, која во првиот ден од отворањето бесплатно ја посетиле повеќе од 300 лица, долго била користена за сместување на странските официјални гости. На продажба била понудена во 2014 година, но без големо внимание од потенцијалните купувачи.

Rezidencijata na Causesku4

Луксузната вила има 80 соби украсени со огледала од мурано стакло и разни луксузни украси, како лустери и мозаици кои лично ги избирала Елена Чаушеску, а во неа е уреден и внатрешен базен, киносала, импресивна гардероба, подземен бункер и градина по која се шетаат пауни, а се простира на вкупно 14.000 квадратни метри.

Rezidencijata na Causesku5

Rezidencijata na Causesku6

Rezidencijata na Causesku7

Rezidencijata na Causesku1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top