Насловна / Вести / По 12 години – ништо од Era City на Скопски саем

По 12 години – ништо од Era City на Скопски саем

era_city_b
Гвидо Омладич, сопственикот на компанијата Ера од Велење го продава земјиштето на Скопски саем, откако Ера мораше да оди на присилно порамнување, пренесува Пословни дневник, повикувајќи се на Финанце. Ера во Скопје требаше да гради трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Но, по 12 години неуспешно заврши приказната за изградбата на големиот деловно-трговски центар Era City во Скопје.

Гвидо Омладич, сопственикот на Ера, објави продажба на земјишптето на Скопскиот саем. Ова е сосема спротивно на оптимистичките најави од февруари минатата година, кога Омладич најавуваше дека конечно ќе го заврши големиот проект, кој во македонската јавност беше нарешен „најголема скопска градежна јама“ Омладич лани во февруари, кој го купи земјиштето пред 12 години, потпиша договор за изградба на деловно-трговски центар во Скопје со Групата TriGranit.
zv25xf
Изградбата на Era City требаше да чини 130 милиони евра. Арпад Торок, извршниот директор на компанијата TriGranit Development Corporation, тогаш ги истака успешните слични проекти во централна Европа и Арена центарот во Загреб. TriGranit исто така, требаше да биде вклучен во управувањето и организацијата на меѓународните саеми и изложби на Скопскиот саем. Но, набрзо по потпишувањето на договорот TriGranit се повлече од проектот бодејќи Омладич не ги плаќал своите обврски, па TriGranit поднел тужба против него.

Комерцијалната банка од Скоје, наводно, сака да го одземе имотот на компанијата Ера, но Омладич некако ги убедил банкарите дека сам ќе најде купец. Според Омладич тоа не е вистина, дека има уредни односи со банките и дека во тек е постапката за продажба, а очекува тоа да се случи до крајот на годинава. Групата Ера е сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата. Инаку Групата Ера во Словенија пропадна, иако беше една од најголемите со годишни приходи од 300 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top