Колекција на мебел именувана како “etc 1” претставува серија на предмети, кои изразуваат уметничка дефиниција преку употреба на современи материјали…
Колекцијата е инспирирана од природниот процес на ерозија, а дизајнирана од страна на младите италијански креатори Alessandro Isola и Supriya Mankad. Колекцијата е реализирана како флексибилна, интересна и лесна за прилагодување. Наменета за модерни домови, колекцијата со својата форма, материјали, текстура и инспирација ја оживуваат идејата за еден луксуз, кој е сепак поинаков од оној што го подразбираме под овој збор.
Плута и филц се материјалите кои се избрани за креирање на оваа линија мебел, токму заради нивната истрајност и eco-friendly карактерот. Колекцијата се состои од една конзола, масиче за кафе, полици за книги и клупи. Сите предмети се прилагодени на секојдневните потреби и се вклопуваат во модерните ентериери.