Следните две недели, посетителите на италијанското езерото Iseo ќе можат за првпат да дојдат до пикторескниот остров Монте Isola – пешки!
Шеталиштето наречено The Floating Piers, е направено од модуларни платформи од етилен, кои потоа се покриени со 100.000 квадратни метри светкава жолта ткаенина. Креаторите на овие пловечки конструкции се Кристо и Жан-Клод, кои идејата за овој проект ја добиле уште во 1970 година. Сега идејата е конечно реализирана!
Оваа конструкција им овозможува на посетителите за првпат да одат од градот Сулзано до островот Сан Паоло. За да ги испровоцираат луѓето да одат по овој пат низ вода, со жолтата ткаенина се покриени и пешачките улици кои водат од градот кон пловечкото шеталиште.
Поради специфичниот сјаен материјал, шеталиштето е повеќе од добро обележано.
The Floating Piers може слободно да се користи 24 часа дневно, кога временските услови тоа го дозволуваат. Нема билети, нема капии и нема сопственик.
Шеталиштето долго три километри го чинат модули долги околу шеснаесет метри, а нивната дебелина изнесува околу 35 сантиметри, пишува ArchDaily.
Конструкцијата е поврзана за бетонски кубуси, кои како сидро на дното на езерото, го држат шеталиштето фиксирано.
Изведувањето на ова шеталиште траело околу еден месец и ако планирате да одите по вода, ќе треба да побрзате, бидејќи тоа ќе биде отворено до 3 јули годинава.