Насловна / Вести / Пловечките нуклеарни реактори, може да снабдуваат со енергија цели држави до 2025 година

Пловечките нуклеарни реактори, може да снабдуваат со енергија цели држави до 2025 година

Данската нуклеарна енергетска компанија Seaborg, објави дека неодамна го поминала тестот на изводливоста од страна на American Bureau of Shipping (ABS), со што е уште еден чекор поблиску до реализација на проектот за пловечки нуклерен реактор.

Во изјавата за медиумите, коосновачот и извршен директор на компанијата Troels Schönfeldt го нарече овој чекор „важна одредница во достигнувањето на амбициозната цел за инсталирање на првата комерцијална постројка од ваков вид до 2025 година“.

seaborg1

seaborg3

Т.н Compact Molten Salt Reactor на компанијата Seaborg, е проектиран да биде инсталиран на модуларни платформи кои може да пристапат до било која земја и да обезбедуваат „чиста енергија“. Во прво време, во фокусот се растечките економии во регионот на Југоисточна Азија, а првично инсталираниот капацитет ќе биде 200MW во две единици.

Во текот на својот експлоатациски век, овие реактори ќе придонесат за редукција на емисиите на CO2 за минимум 33.600.000 тони годишно, споредено со еквивалентна постројка на јаглен. „На светот му е потребна енергија, но исто така неопходна му е и декарбонизацијa. Нашиот производ е извонредно компетитивен. Можеме да инсталираме стотици реактори секоја година и да направиме сериозно глобално влијание“., вели Troels Schönfeldt.

Barge_annotations_01

 

Испрати коментар

Scroll To Top