Насловна / Вести / Пловечките фотонапонски панели би можеле да направат пресврт во производството на електрична енергија

Пловечките фотонапонски панели би можеле да направат пресврт во производството на електрична енергија

Освен бројните предности фотонапонските електрани имаат и свои недостатоци, како на пример големиот простор кој го зафаќаат. Според една студија од 2021 година, државите во светот веројатно би требало да определат помеѓу 0,5 и 1% од својата површина за фотонапонски панели, со цел постигнување на целосна декарбонизација. Битката за простор неретко доведува до спорови помеѓу инвеститорите и земјоделците, локалните заедници и заштитниците на животната средина.

floating1

Меѓународен тим од научници кои се занимаваат со животна средина ги предлага пловечките фотонапонски системи како решение во новата студија под името „Производство на енергија и заштеда на вода со помош на пловечките соларни фотонапонски панели на глобалните акумулации“, објавена во списанието Nature Sustainability. Студијата содржи проценка на производството на електрична енергија кога 30% од површината на акумулацииите би биле покриени со соларни панели. Анализирани се 114.555 природни и вештачки езера ширум светот чија површина е поголема од еден хектар. Проценката е дека би можело да се задоволи една третина од светската потрошувачка на енергија. Меѓу земјите кои би можеле да имаат највеќе корист од фотонаонските панели се Бразил, Кина и Индија.

floating2

научниците истакнуваат неколку предности на овој тип на фотонапонски панели. Со инсталирањето на фотонапонските системи на постоечките акумулации, се штеди простор, така што земјиштето може да се користи за други намени. Благодарение на водата, која го лади системот, се зголемува ефикасноста на трансформацијата ан енергијата, додека истовремено се намалуваар загубите на вода кои настануваат поради испарувањето. Во студијата е изоставено дека поставувањето на пловечките фотонапонски системи има и негативни влијанија. Некои студии покажуваат дека недостатокот на сончева светлина го поттигнува размножувањето на токсичните алги и го намалува количеството на кислород во подлабоките слоеви на водата и дека тоа штети на флората и фауната и на динамиката на јаглеродот.

floating3

На крајот на 2018 година, вкупниот инсталиран капацитет на фотонапонски панели изнесувал 1,3GW. Се очекува со развојот на технологијата можноста да изнесува 4,8GW до 2026 година, се истакнува во студијата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top