Познатото кинеско студио MAD конечно го има откриено својот најдраматичен проект до сега – амбициозниот дизајн на големиот пловечки театар на реката Донгианг.
Проектот Theatre Yiwu Grand има голем театар со 1.600 седишта, уште еден мал театар и меѓународен конференциски центар. Овој објект наскоро ќе биде и симбол на градот Џив кој важи за кинеска престолнина за извоз на стока на големо.
Највпечатлив елемент на овој објект е комплексниот заштитетен кров, направен така да резонира со реката во која плови, а оддалеку наликува на брод со неколку стаклени едра. Тоа е асоцијација со кинески едрилици кои се користат за транспорт на стока преку вода, додека транспарентноста и леснотијата на стаклото ја рефлектираат текстурата на тенка, свиленкаста ткаенина и создаваат динамичен ритам, што ги прави да изгледаат како да веат на ветрот. Структурата на зградата е украсена во стилот на древната народна архитектура типична за овој регион.
За да се намали потрошувачката на енергија театарот има пасивен соларен дизајн. Неговата полутраспарентна стаклена школка е дизајнирана да ја оптимизира употребата на природното светло во затворен простор, создавајќи ефект на „сончева стаклена градина“ во текот на зимата, додека во лето се овозможува непречен воздушен проток.
Замислено како јавна институција, Големиот театар во Џив е лесно достапен од сите правци. На својата лебдечка платформа може да се стигне со автомобил од правец од југ, додека на север има долг лак пешачки мост.
Покрај споменатите објекти, комплексот вклучува амфитеатар и голем отворен пазар, кој исто така се спушта на јужната страна, додека убаво уредените тераси даваат одличен поглед на околината и уникатно природно искуство во урбаниот контекст, истакнуваат архитектите од студиото на MAD.