Насловна / Архитектура / Пловечки објекти како одговор на станбената криза во Шведска

Пловечки објекти како одговор на станбената криза во Шведска

Архитектката  Daniela Lamartine  осмислила пловечка заедница како одговор на националната станбена криза во Шведска. Проектот Floathub, создава нов мобилен начин на живот со кој би можела да се постигне долгорочна економска и станбена сигурност. Во рамките на Floathuba, би бил создаден кооперативен труст каде станарите би станале сопственици, а воедно и оние кои работат на неговиот развој низ заеднички акции. Трустот би  управувал и би ги  градел пловеќките типологии со помош на  CNC  технологијата, со цел овозможување на одржив мобилен начин на живот на вода. Пазарот на резиденцијални објекти во Шведска, генерирало економска нееднаквост помеѓу генерациите, што довело до тоа да сопственоста на станови за многумина  биде недостижен сон. Главната идеја на Floathub, е да се одржи  флексибилноста на мобилниот начин на живот на вода низ каталог ан типологии кои ќе и донесат корист на оваа зедница.  Секоја типологија генерира вредности за заедницата и делува како генератор кој нуди можности бидејќи создава своја мрежа. Витални активности се: производство, рециклажа и продажба. Како резултат на тоа, станарите можат да живеат без општнските системи и сами да ги решаваат проблемите.

floathub1

strategy_map

floathub4

Испрати коментар

Scroll To Top