Новата хрватска Влада избра опција на пловечки ЛНГ терминал на Крк за јакнење на енергетската независност на источна и централна Европа. Како што пренесоа регионалните медиуми, САД во тоа силно ја поддржуваат Хрватска и тврдат дека проектот и не е насочен против Русија, најголем снабдувач на Европа со природен гас. Терминалот од лани е на листа на приоритети на ЕУ која сака да ја намали зависноста на гас од Русија, со која е во затегнати односи поради кризата во Украина.