Португалската дизајнерска фирма „Friday“ дизајнираше модерен, енергетски ефикасен и еколошки направен дом кој е поставен на водна површина. Пловечкиот дом може да произведе дури 100 проценти од годишната потреба за електрична енергија за само шест месеци, а тоа се должи на поставените соларни панели, планот за зачувување вода и складирањето на гориво.
Целата структура е изработена од 100 проценти рециклирачки материјали, односно има долна и горна платформа која истовремено служи и како кров, а меѓу нив е поставена стаклена површина.