Ако спаѓате во оние кои сакаат да се релаксираат во сауна, и во исто време ја сакаат природата, постои проект кој може да ве развесели. Имено, миланското дизајнерско студио Small Architecture Workshop, според желбите на еден брачен пар, дизајнирала пловечка приватна сауна. Направена е во период од само две недели, и е уредена како и секоја друга сауна, освен тоа што доаѓа со голем стаклен ѕид и има способност да плови. Зошто? Причината е прилично едноставна.
Седењето во сауната може да биде монотоно, дури и кога сте во друштво, па како едно од иделните решенија се наметнува можноста за спектакуларен поглед на природата.
Споменатиот пар за својот одмор избрало мало место покрај езеро во Шведска, а идејата за сауна до езеро се родила спонтано. При самата изработка најмногу се водела сметка со изгледот на сауната да не се наруши изгледот на природата, како и тоа да биде направен исклучиво од еколошки прифатливи материјали.