Насловна / Архитектура / Пловечка речна сауна во Германија

Пловечка речна сауна во Германија

2cff4e6c4299abd56f38f54611a60af4_1
Архитектонското биро 4a Architekten од Германија создаде извонреден простор за опуштање со својот нов проект за пловечка речна сауна. Сауната Emser се простира на површина од 250 метри квадратни и претставува прва сауна во Германија која ќе биде отворена во текот на целата година. Варијациите на длабочината на реката Лан биле голем предизвик за архитектите од ова биро. 011_019_D00_8088b
Како вистинско решение за овие проблеми е избран концептот за пловечка понтонска структура која е прицврстена преку челични цилиндрични цевки. Во склоп на оваа компактна структура, посетителите можат да се опуштат во една од двете фински сауни со прозорци од подот до таванот, просторија за опуштање со бар и тераса за сончање која овозможува прекрасен поглед на околината.Emser_Therme_Aussen_017_CF010336_kl.jpg-c05d373dccea5a8a

Испрати коментар

Scroll To Top