Насловна / Вести / Плоштадот во Скопје без дрвја

Плоштадот во Скопје без дрвја

Plostad Makedonija bez drva

Сите 32 јавори кои беа засадени пролетта 2004 година на градскиот плоштад во Скопје се исечени. Ова е втора голема сече на дрвјата на Плоштадот, по онаа од 2003 година, кога наводно не се вклопуваа во неговиот нов излед.

Како што пренесува „Вест“, повикувајќи се на изјава од Градот, дрвјата се исечени поради нивната лоша вегетативна состојба, а врз основа на решение издадено од соодветен орган. Оттаму изјавиле дека на нивно место, во најповолниот период за вегетација, ќе бидат засадени нови декоративни садници.

Подетално објаснување за причините за сечата нема од ЈП „Паркови и зеленило“. Оттаму велат дека постапувале по налог на Градот.

„Дрвјата се исечени поради недоволен раст, во Градот Скопје има шумарски инженери кои тоа го проценуваат, а ние само ги извршуваме нивните одлуки“, изјавил директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ.

 

Фото:Вест

2 коментари

  1. NE STE NORMALNII

Испрати коментар

Scroll To Top