Насловна / Вести / Плоштадот ВМРО со своја улица

Плоштадот ВМРО со своја улица

plostad-vmro

Плоштадот ВМРО ќе добие своја улица преку која возилата ќе имаат пристап до институциите и објектите, кои се наоѓаат во непосредна близина. Овде претходно се наоѓаше седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега на истата парцела фирмата „Бетон – Скопје“ гради хотел, така што новата улица ќе го олесни движењето во овој дел, пренесува „Плусинфо“.
Директен пристап до своите канцеларии ќе има и партијата со оглед на тоа што ќе ѝ припадне дел од просториите на хотелот. Улицата ќе го обиколува плоштадот и ќе се движи на просторот кој претходно се користеше за паркирање, пред и околу „ТЦЦ Плаза“.
Како плоштадот, така и оваа улица ќе ја уредува Град Скопје, иако како сервисна треба да ѝ припадне на Општина Центар. Градот деновиве распиша оглас со кој бара фирма која ќе го подготви проектот за улица околу плоштадот. Во план е да се изврши реконструкција и проширување, а крајниот рок за поднесување на понудите истекува на крајот од месецов.

Испрати коментар

Scroll To Top