Советниците во градското собрание на градот Загреб синоќа по долга расправа донесоа одлука за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Плоштад Република Хрватска.
– Името Маршал Тито на еден од најубавите загребски плоштади замина засекогаш во историјата, пишува весникот „Вечерњи лист“.
Одлуката била донесена со 29 гласа за, 20 против и еден воздржан.