Инспирирани од бранови, песочни дини и текстил, Note Design Studio креира серија на плочки наречена Weave.
Реномираното Note Design Studio од Стокхолм рачно направи калап од глина и песок за овие плочки со импресивни димензии. Постојат три различни модели, во две големини (295 × 308 и 120 × 125 мм), во 24 бои и тоа во мат или сјајна варијанта.
Плочките Weave се дизајнирани на начин да изгледаат како зумирано парче ткаенина.
Note Design Studio, кое соработува со шведскиот бренд Fogia, ја дизајнира оваа линија на плочки за унгарскиот производител Kaza Concrete, пишува Dezeen.
„Наоѓањето на вистински мустри и пропорции е вистински предизвик. Сакавме да се создаде впечаток на зголемена ткаенина која може да се постигне само кога на плочката паѓа светлина и ја оживува“, велат дизајнерите од Note Design Studio.
Плочката е интересна бидејќи е елегантна, а во исто време доминира во просторот. Ако сакате да истакнете некој ѕид во ентериерот, ова може да биде вистинскиот избор.