Насловна / Архитектура / Пливачкиот комплекс на Олимписките игри – Токио 2020

Пливачкиот комплекс на Олимписките игри – Токио 2020

Олимписките игри му донесоа на Токио подарок во вид на компромис. Од иновативни проекти до постари спортски објекти, најголемиот спортски настан на светот го прават Токио да гледа како на минатото, така и на иднината.

Токму тоа е случајот со објектите каде се одржуваат натпреварувањата во водени спортови, а тоа се објектите Tatsumi International Swimming Cente и Tokyo Aquatics Centre. Пливањето може да се смета за еден од најпопуларните настани на кои било Летни олимписки игри.

1_1_resize

Tatsumi International Swimming Cente

aqua_centre2_resize

Tokyo Aquatics Centre

Пливачкиот комплекс во Токио, сместен е во Tatsumi, подрачјето Кото на самиот брег на Токискиот Залив. Област од сите страни опкружена со вода, но поврзана со копното со четири моста: Shiomi на север, Shin-Kiba и Yumenoshima на исток и Shinonome на запад. Западната страна е главно станбена, додека источната во голема мера се состои од паркови. Името „Tatsumi“ значи „југоисток“ и е преземено од правецот на подрачјето на Царската палата во Токио.

Натпреварувањата во водени спортови на Летните олимписки игри 2020 година ќе се одржат во пространите тревни површини Tatsumi во југозападниот дел на паркот каде се сместени пливачките центри, Tatsumi International Swimming Cente и Tokyo Aquatics Centre.

Tatsumi International Swimming Cente

Tatsumi_Water_Polo_Centre_resize

Еден од постарите објекти кој ќе се користи на Олимписките игри е Tatsumi International Swimming Cente, кој е домаќин на натпреварите во ватерполо. Овој иконичен и простран простор проектиран е во 1990 година да служи како главен објект за пливање и за други спортови на вода во Токио.

1_5_resize

Објектот е проект на Mitsuru Senda и Environment Design Institute, фирма за архитектура во Токио, и е инспириран од обликот на крилјата на птицата додека се вивнува на небото. Нарачан е од Бирото за пристаништа, единица на токиската градска власт. Зградата во најголем дел е изградена од армиран бетон, освен покривот, кој е лачна решеткаста челична конструкција. Пет лачни покривни површини се надвиснуваат и навлегуваат една во друга. Проектот за конструкција е на Kozo Keikaku Engineering, а објектот е пуштен во употреба во март 1993 година.

1_3_resize

Уникатната форма и дизајн на објектот со капацитет за 5.000 гледачи го прави да се истакнува во областа Tatsumi. Објектот го надминува времето кога е изграден. И по речиси 30 години зградата е привлечна и се чини дека е современа.

Tokyo Aquatics Centre

aquatics-centre.2_resize

Tokyo Aquatics Centre, последниот од новоизградените објекти за Олимписките игри во Токио 2020 година, беше претставен во октомври 2020 година со седум месеци задоцнување поради глобалната пандемија – но вредеше да се чека. Проектот на Yamashita Sekkei и Tange Associates е во непосредна близина на старата „мека“ на јапонското пливање.

aqua_6_resize

Кога Paul Noritaka Tange ги доби правата за проектирање на  Aquatics Centre, една од првите работи кои ги направил, била посетата на гробот на неговиот татко, големиот, „нашиот“, Кензо Танге. „Сакав да му кажам дека и јас доволно пораснав за да го направам ова. Дека канцеларијата што ја основаше сè уште се бори“, изјави Пол (63) за неговиот татко, кој почина во 2005 година на 91 година.

aqua_cen3_resize

Школуван во Швајцарија и на Харвард, помладиот Танге се приклучил на фирмата на неговиот татко по дипломирањето во 1985 година. Тој вели: „Верувам дека сме единствени татко и син на светот, кои проектирале исто олимписко место. И навистина, силното чувство на почит кон мојот татко е дел од тоа зошто сакав ова да го направам.“

Кога постариот Танге ја изгради Yoyogi National Gymnasium како арена за пливање за Игрите во 1964 година, нејзиниот смел лебдечки покрив и кули – евоцирајќи јапонски храмови и висечки мостови – стана симбол за триумфалното враќање на Јапонија на светската сцена по воениот пораз, помагајќи да се направи Првите олимписки игри во Азија да бидат прослави на воскресение и обновување.

aqua_4_resize

Tatsumi International Swimming Cente претставува високотехнолошки објект со 15.000 места за гледање за времетраење на игрите. Изграден е од градската влада на Токио – Tokyo Metropolitan Government (TMG). Објектот е домаќин на натпреварувачите во пливање, нуркање и уметничко пливање. Зградата е на пет нивоа, четири ката над земја и еден под. Се издига на висина од 37 метри со вкупна површина од 65.500 квадратни метри.

aquatic_centre1_resize

Вклучува главен базен со 10 пливачки патеки, базен за обука и базен за нуркање. И главниот базен и базенот за загревање, имаат подвижни подови и sидови и имаат опции за приспособување на длабочината со што е овозможена единствена флексибилност.

Базенот може да се подели на два соседни базени со краток тек, со почетните блокови способни да се приспособат каде било во рамки на 50 метри.

Длабочината може да се менува и до три метри.

Внимателно се разгледуваа сите детали, од бањите до греењето на водата во базените. Врз основа на Токио 2020 насоките, објектот е проектиран да биде достапен за сите, вклучувајќи стари лица, лица со инвалидитет, родители со мали деца и оние со кучиња водичи. Особено внимание е посветено на рамноправното седење, овозможувајќи им на сите гледачи јасно да ја видат акцијата во пливалиштето, дури и ако гледачите стојат пред луѓето во инвалидска количка.

aqua_5_resize

Температурата на водата ја одржува еколошки уред за геотермално греење, значително намалувајќи ги емиисите на јаглерод, а изгледот на плафонот е инспириран од оригами, јапонски форми од хартија.

Јапонската пливачка ѕвезда, Rikako Ikee, државна рекордерка во 50 метри слободен стил и 100 метри пеперутка, го пофали модерниот објект: „Беше пријатно да се плива затоа што е длабоко 3 метри и мислам дека е одлична арена.“

Додека не завршат игрите, објектот е со ограничен пристап само за спортски федерации. После игрите, плановите се да се отвори објектот за јавноста за сите „да се занимаваат со спорт и да го подобруваат здравјето и благосостојбата“, велат од јапонската Влада.

Испрати коментар

Scroll To Top