Плажата Мулини се наоѓа во атрактивна зона во Ровињ, на излезот од централниот дел на градот, како продолжение на градското шеталиште, под трите хотели, вклопена во зеленилото од паркот и околните шуми.
Таа е продолжение на јавната површина на градот, природна екстензија на шеталиштето со основна функција да го поврзе градот Ровињ со паркот Пуента Коренте.
Исклучително важен фактор е приспособувањето на проектот кон теренот. Со оглед на специфичниот амбиент на теренот подложен на постојана плима и осека, проектот е максимално приспособен на морето како променлив елемент, што значително влијае на креативната одлука.
Затоа, целиот простор на плажата е осмислен во два дела. Првиот потег од марината до објектите е под изразено влијание на морските бранови, поради што ја следи топографијата на теренот како топографска карта изведена во бел бетон со природен камен и многу искршени плочи за сончање. Во мирниот залив на Лона се формира втората зона, со песочна плажа со бујна вегетација и благ приод кон морето.
Во централната зона е сместен Mulini Beach, објект кој содржи голем бар, соблекувални, тушеви, санитарии и инфо пулт. Проектиран е како павилјон над кој лебди пергола – челична структура која се потпира на шест точки, чиј конечен облик е добиен со анализа на движењето на сонцето низ трите летни месеци.