Американското биро Olson Kundig на горниот кат на оваа резиденција до плажата Bilgola Beach во Сиднеј постави жалузини кои се преклопуваат за да ги изложат просторите за живеење на свеж воздух и погледи на морето.
Куќата на Bilgola Beachе е прв проект завршен во Австралија на Olson Kundig од Сиетл и е проектирана за брачен пар кој сакал идеален дом за големи семејни собири и дружење со пријателите.
Сместена на околу 35 километри северно од централната деловна област на Сиднеј, куќата од 873 квадратни метри лоцирана е во песочни дини со поглед на плажата и океанот, пишува Dezeen.
Имотот има независно крило налик на продолжен луксузен апартман за домаќините, кој лесно може да се отвори кон остатокот од куќата кога децата и внуците доаѓаат да во посета. Оваа конструкција е подигната над дините на бетонски столбови кои овозможуваат водата да поминува под, додека лизгачките прозорци овозможуваат куќата буквално да се загради во лоши временски услови.
„Куќата се обидува на најдобар начин да одговори на различните климатски услови на Австралија, дозволувајќи им на сопствениците да ја отворат или затворат кон плажата во зависност од тоа како се менува времето“, вели архитектот Том Кундиг.
Патот што минува меѓу палми и борови води кон влезот поставен во робустен бетонски ѕид означен со плочи.
Влезната порта се поврзува со скалите што водат помеѓу главното крило на спалната соба и гостинското крило на куќата. Бетонските површини на овие блокови упатуваат на тонот на локалниот песок и и помагаат на зградата да се претопи со нејзиното природно опкружување.
Застаклената влезна врата право низ објектот пружа поглед кон океанот. Влезот води директно во кујната, трпезаријата и дневната соба со отворен план, кој е застаклен речиси од сите страни.
Лизгачките врати кога ќе се отворат внатрешниот простор се поврзува со градината. На спротивната страна, лизгачките застаклени панели што го обложуваат внатрешниот двор и базенот му овозможуваат на ветерот природно да ја проветрува внатрешноста. Одвоеното крило за гости на главното ниво на куќата има четири спални соби, заедно со детска игротека и работна соба, додека целото горно ниво го завзема главната спална соба, гардеробер и бања која е директно поврзана со голем балкон.
Внатрешноста на куќата содржи едноставна палета на бледо дрво и темни плакари, со текстурирани бетонски ѕидови и подови. Кога станува збор за екстериерот, бетонот и црниот метал совршено се вклопуваат со околината, истакнувајќи ги зелените кровови и бамбусовата градина. На овој начин, необичната семејна куќа станала симбол на пркос и отпор на непредвидливото австралиско време, но и симбол на уживање во животот со најблиските.
„Се надевам дека домот ќе расте и ќе еволуира соодветно различните еколошки и климатски услови на локацијата, се надеваме дека ќе се вклопи во пределот и со текот на времето ќе стане поинтегриран со Bilgola Beach“, вели Кундиг.