Еден од најновите руски аеродроми, меѓународниот аеродром Платов во Ростов, ја доби највисоката оценка на ранг листата на британската компанија Skytrax. Така стана првиот руски аеродром со пет ѕвездички. Токму добивањето на пет ѕвездички од Skytrax, се смета за најпрестижна меѓународна награда за аеродромите и авиокомпаниите. По неодамнешната ревизија на терминалите, организацијата го додаде аеродромот Платов на листата кој вклучува само уште девет други аеродроми од целиот свет.
Стручњаците од Skytrax го посетиле аеродромот во јануари годинава, како редовни патници, со цел непосредно да ја оценат работата на аеродромот и вработените, времето на чекање и квалитетот на услугата која ја добиваат посетителите. „Ниту еден руски аеродром досега не го добил ова признание. Аеродромот Платов сега е рамо до рамо со аеродромите во Токио, Хонг Конг, Сингапур, Сеул и Минхен“, вели Евгениј Чудновски, генералниот директор на Холдингот кој управува со аеродромот Платов.
Аеродромот Платов беше наменски изграден пред Светското фудбалско првенство минатата година, чиј домаќин беше Русија.