Со новата дигитална услуга „Плати на пријател“ преку мБанка на Комерцијална банка сега е лесно да се префрлат пари на пријател само со избор на телефонски број.
„Плати на пријател“ опцијата овозможува брзо и лесно префрлање или примање парични средства од пријател со сметка во Комерцијална банка без трошоци, за само неколку секунди и само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик.
Новата можност во мБанка е достапна за сите корисници на опцијата „вршење трансакции“ во најновата верзија на мобилната апликација. Сѐ што е потребно за прием на средства е да го пријават својот телефонски број во регистарот на мБанка.
Комерцијална банка, како докажан врвен иноватор на полето на дигиталните услуги, со „Плати на пријател“ додава уште една привилегија во палетата можности што ги имаат нејзините клиенти. Дигиталните услуги на Комерцијална банка се едноставни, безбедни и ефикасни со цел да ти овозможат лесни и брзи финансиски трансакции и максимално корисничко задоволство.
Преку мобилната апликација мБанка клиентите имаат пристап до голем број банкарски услуги од мобилен телефон или таблет, 24 часа на ден – увид во состојба на платежни сметки, штедни влогови, платежни картички, кредитни партии, а можеш да вршат и плаќање и пренос на средства. мБанка овозможува и онлајн аплицирање за потрошувачки кредит, промена на дневни и месечни лимити за трансакции со картички, ажурирање лични податоци и уште многу други услуги.
Повеќе информации за „Плати на пријател“ и за мБанка се достапни на следниот линк.