Насловна / Вести / Платформата X, ќе собира биометриски податоци за корисниците

Платформата X, ќе собира биометриски податоци за корисниците

Платформата X (Twitter) ќе собира биометриски податоци за своите корисници, кои се однесуваат на физичките атрибути како што се скенирање на лице или отисок на прсти. Ова се однесува на корисниците на услугата X Premium. Оваа платформа ќе може да собира и информации за образованието на корисниците и работите кои ги извршувале во минатото.

Biometric Authentication Button. Digital Security Concept

Во соопштението на X се истакнува: „Можеме да ги собираме и користиме Вашите лични податоци (како што се вашата историја на вработување, образование, преференциите при вработувањето, вештините и способностите, активностите во врска со барање работа и сл.), со цел да Ви препорачаме потенцијални работни позиции, да ги поделиме тие податоци со потенцијални работодавачи и сл.“ Новата политика на приватност стапува на сила на 29-ти септември. Професорката  Liberty Vittert од Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, рекла дека овој потег е во согласност со новата политика на приватност на платформата X, но предупредила дека корисниците мора да бидат внимателни.

x2

 

Испрати коментар

Scroll To Top