Насловна / Вести / Пластиката за еднократна употреба ќе се забранува во ЕУ

Пластиката за еднократна употреба ќе се забранува во ЕУ

Производите од пластика за еднократна упиотреба од типот на чинии, прибор за јадење, сламки или стапчиња за уши ќе бидат забранети во Европската унија. Според нацрт-плановите кои ги усвоија најголем дел од европратениците, тие производи, кои сочинуваат повеќе од 70 отсто од пластиката во морињата, ќе бидат забранети во ЕУ почнувајќи од 2021 година. На листата со забрани европратениците ги додаоа производите од оксо-биоразградлива пластика како што се керите или амбалажите за храна од полистирен.

plastika

Истовремено, во земјите-членки на ЕУ потрошувачката на некои од производите за кои уште не постои „зелена“ алтернатива ќе биде намалена за најмалку 25 отсто до 2025 година. Меѓу тие производи се кутиите за сендвичи и палетите за овошје, колачи и сладолед за еднократна употреба. Како што наведува од Европскиот парламент, членките на ЕУ ќе усвојат национални планови за да се поттикне користењето на производи за повеќекратна употреба, како и тие што може да се рециклираат.

Останатите производи од пластика како што се шишињата за вода посебно ќе се собираат и ќе се рециклираат и тоа по стапка од 90 отсто од 2025 година натаму. Европратениците се сложија дека мерките за намалување на пластичниот отпад треба да ги вклучуваат и производите од тутун, посебно филтерите за цигари, кои содржат пластика. Целта е загадувањето да се намали за 50 отсто до 2025 година, односно за 80 отсто до 2030 година.

Цената на еколошката штета од загадувањето со пластика се проценува на 22 милијарди евра до 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top