Насловна / Вести / Планински премини во облаци

Планински премини во облаци

glass-bottomed-bridge-pingjiang-county-12

За некои луѓе, кога ќе им се каже дека добиле зголемување на платата е настан за веселба и радост. Ама за градителите во Кина, тоа и не е баш момент за радост. Ова посебно важи за оние што живеат во облаците и ги градат опасните патишта или пешачките патеки на надморска височина од неколку илјади метри, на околните стрмни планини во провинцијата Хунан. За разлика од европските градежници кои работат според стотина стандарди, за овие кинески градители нема сигурносни јажиња, алки и друго.

kina-premin8
Ако се погледнат фотографиите на она што тие го прават, може да се каже дека ќе им позавидат и циркуските акробати, бидејќи се гледа како балансираат со градежен материјал на грб, во раце или на рамо, а одат по стрмна патека од одвај неколку метри, понекогаш и на самиот раб, без никаква заштитна ограда или јаже. Се што ги дели од слободниот пад е добра концентрација и рамнотежа.kina-premin3
Секако, оваа е само втората група работници, која поставува арматура и бетонира патеки. Пред нив оди претходница која има за цел да ги заглави металните конструкции во карпите на планината, и да конструира солидна основа за втората фаза, за колегите што цементираат. Оваа работа е уште поопасна бидејќи нема простор за импровизации ниту пак за поправка на грешките. Само еден чекор може да ве води во амбис.Capilano-Suspension-Bridge-1
Оваа работа е карактеристична за областа Пингџинг каде има високи планини, а превоите на вака голема височина не се само патна рута, туку и еден вид на туристичка атракција. На ваков начин и во соседната област Џиангџи, на планината Шифу биле поставувани вакви премини, па дури и стаклени мостови помеѓу две планини, два врва или длабока јама. Конкретно, патеката на оваа планина се прави од 2011 година. Кога ќе биде завршена, таа ќе биде долга над 3,5 километри со што ќе биде и своевиден рекордер – најдолга патека на планина.

kina-premin4
Една од најинтересните конструкции во овој вид на градежништво е т.н. стаклен премин кој е направен во Пингџијанг во 2014 година и кој се наоѓа на височина од над еден километар. Со него се премостуваат два планински врва и тоа само со челични кабли или сајли кои се прицврстени во двата врва, на двете страни. Останатото е стаклена конструкција која се ниша и при најмал ветер. kina-premin6

Според кажувањата, кога туристите поминуваат преку него, се случува ветерот да дувне и тие да останат заглавени со часови бидејќи нозете им се парализирани од страв!

kina-premin11kina-premin10 kina-premin9 kina-premin2 kina-premin1

Испрати коментар

Scroll To Top