Студиото Atelier 8000 го испроектира овој кубичен објект во форма на превртена коцка, на високата планина Татра, кој го привлекува вниманието на јавноста со својот необичен изглед. Но, оваа куќа не е само фантазија, таа го претставува победничкото решение кое почнува да се изведува во туристички центар во Словачка.
Поради карактеристичната положба на објектот, набљудувачот секогаш може да ги види трите фасади на кои се огледува околината, благодарение на рефлектирачките метални панели. На фасадата покрај прозорци се наоѓаат и соларни панели кои ја пренасочуваат сончевата светлина и создаваат електрична енергија.
Во внатрешноста на објектот се наоѓа ресторан, соби за преноќување и просторија за оставање ски опрема.
Благодарение на обликот на фасадата ниеден ѕид во ентериерот не е прав и не е едноставен квадрат. Особено впечатлив е последниот кат, каде таванот завршува како шпиц.