Насловна / Архитектура / Планински кристал

Планински кристал

trsj_studiomonterosa

Овој студентски проект наменет за планинско сместување, бил воден од страна на професорот на ETH Andrea Deplazes, кој со своите студенти го проектирале објектот наречен „Планински кристал“ што генерира 90% од сопствената енергија.

Поставен на 2.888 метри надморска височина, објектот моментално претставува најкомплексната дрвена конструскција во Швајцарија. Прекриен со треперлива сребрена алуминиумска школка и фотонапонски систем интегриран во јужната фасада, тој генерира сопствена енергија која се очекува да биде најмалку 90% самодоволна. Соларните колектори инсталирани во основата, произведуваат соларна топлина која спроведува топла вода и го загрева системот за вентилација кој ја контролира топлината во собите. За време на неколкуте месеци кога се топи мразот, водата се собира и се складира со цел да се обезбедат тоалети и четири топли тушеви за гостите. Водата се чисти врз основа на бактериски микро-систем, каде потоа се употребува за тоалетите и за миење.

junq_rosahikinghutzermattm ggfl_rosahikinghutzermatt2 ctkt_coolswissglampinghut10 bvov_coolswissglampinghut1 xqqa_neue_monte_rosa_hut_e210710_4 xcow_neue_monte_rosa_hut_e210710_1 ooio_neue_monte_rosa_hut_e210710_2mtym_neue_monte_rosa_hut_e210710_3 mlwh_coolswissglampinghut2bmwm_alpineplan

Испрати коментар

Scroll To Top