Македонското еколошко друштво и Планинарскиот клуб „Љуботен“ утре ќе ја организираат планинарската тура „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“. Збирното место за сите заинтересирани е во седум часот над селото Горно Количани. Се работи за средна планинарска тура која почнува од над селото Горно Количани на 750 м.н.в и патеката понатаму продолжува да се движи низ шумски појас до целта, врвот Китка на 1.568 м.н.в. Симнувањето е по истата патека. Вкупно ќе се искачуваат околу 700 метри. Должината на патеката е пет километри, а вкупно време во еден правец (искачување) е околу три часа.
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за пролетни услови. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.
Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб или организирано здружение.
МЕД и ПК „Љуботен“ ја организираат оваа планинарска акција во чест на проф. Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, поборник за заштита на природата и учител на многу млади еколози. Љупчо беше и долгогодишен член и поддржувач на ПК „Љуботен“ и активно беше вклучен во многу активности на клубот.
Образецот / изјавата за пријавување ја има во прилог на следниов линк:
https://drive.google.com/…/1FOOoNSByK_S…/view…
Пријавување за турата на: [email protected]