Насловна / Вести / Планина од ѓубре, како Брегзит го покри Гибралтар со ѓубре

Планина од ѓубре, како Брегзит го покри Гибралтар со ѓубре

По должината на брегот на западниот Медитеран, купишта ѓубре од храна, амбалажа и друг отпад само се зголемуваа од јануари оваа година. Непрекинатата колона камиони за ѓубре набрзо ги претвори во вистинска планина тешка 6.000 тони.

„Тоа беше планина од ѓубре. Сите видови ѓубре измешани заедно“, вели Антонио Муњоз од еколошката група „Verdemar-Ecologistas en Acción“.

g

Оваа организација е прва што го притисна алармот за неочекуваните последици од Брегзит – илјадници тони ѓубре останаа необработени додека Гибралтар се бореше со папирологија.

Гибралтар, оваа мала британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот полуостров, пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, праќала ѓубре во блиската фабрика во шпанската покраина Кадиз. Кога поминал преодниот период на Брегзит, тој аранжман престанал да важи.

g1

И додека официјалните лица и на Гибралтар и на Лондон се бореле со папирологија околу процедурите потребни за транспорт на ѓубрето како земја надвор од ЕУ, малата територија со површина од 6,7 квадратни километри почна да бара простор за одлагање на се поголеми  количини отпад.

Новата опрема што пристигнала од Британија овозможи пофина обработка на ѓубрето, сечење и мелење, што помогна да заземе помалку простор.

gg1

Направени се планови и разгледани се нови опции за 30.000 тони ѓубре, колку што секоја година се произведуваат на Гибралтар, од складирање во подземни тунели до потенцијален транспорт до Англија.

Сепак, два месеци по почетокот на депонирањето на ѓубрето, Мадрид дал зелено светло за нов договор и документацијата е завршена на крајот на февруари. Биле потребни наредните месец дена да се исчисти сето преостанатото ѓубре и да се транспортира до шпанските погони.

Испрати коментар

Scroll To Top