Од 19 август, човештвото живее на кредит, бидејќи е навлезено во еколошки минус. Имено, светското население ги потрошило сите ресурси кои Земјата може да ги обнови во период од една година. Оваа година би можеле да влеземе „во црвено“ многу порано отколку во 2000 година. На ова предупредува Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).
“Earth Overshoot Day” е датумот во годината кога Земјата веќе има потрошено повеќе природни ресурси отколку што може да обнови во истата година. Овој фатален датум се појавува сè порано од година во година. За прв пат овој праг е поминат на 19 декември 1987 година како последица на економскиот и демографскиот раст. Денес, 86% од светското население живее во земји кои бараат повеќе отколку што природата може да им обезбеди.