Планетарната премиера на RACING EXTINCTION на телевизиските екрани ќе се случи денес (2 декември) на Discovery Channel низ целиот свет, односно на сите 220 пазари, кадешто се емитува Discovery Channel, вклучувајќи ја и Македонија.
Научниците предвидуваат дека човекот ќе биде виновен за изумирањето на 50% од сите видови до крајот на векот. Веруваат дека сме веќе навлезени во шестата доба на изумирање во историјата на Земјата. Нашата доба се нарекува Антропоцена, или „Доба на човекот“, бидејќи доказите јасно упатуваат на тоа дека човекот е тој што предизвикува катаклизмички промени во околината и животинскиот свет.
Како главни виновници, ние сме тие што можеме да ги запреме промените што сами сме ги создале и да ја зачуваме Земјата каква што ја знаеме.
Со ,,Оскар“ наградениот режисер Луи Психојос (Louie Psihoyos) за филмот „Залив“ (The Cove), овој пат собира тим од уметници и активисти на тајна задача со цел откривање на скриениот свет на загрозените видови и нивната заштита од масовно изумирање. Патувајќи низ целиот свет, успева тајно да се инфилтрира во некои од најопасните црни пазари, како и да ја документира врската меѓу емисијата на јаглен диоксид и изумирањето на видовите со помош на најсовремената технологија, а со цел да го смениме начинот на кој го гледаме светот.
Друштвото за заштита на океаните (eng. The Oceanic Preservation Society, OPS), е групата што после наградениот документарен филм „Залив“ се враќа со нов револуционерен проект – документарецот RACING EXTINCTION . Овие активисти имаат за задача да ги изнесат пред очите на јавноста двете главни причини за истребувањето на видовите. Првата е меѓународната трговија со диви животни како и лажните лекови и козметика кои се продаваат, а се на сметка на животот на веќе загрозените животни. Втората е емисијата на јаглен и скиселување на океаните, причина која никој од нафтените и компаниите за плински гасови не сакаат да ја видиме.
„Како дете доставував весници за ’Дабјук Телеграф Хералд‘ (Dubuque Telegraph Herald), а веќе на 17 години добив шанса да изработувам слики во нивниот оддел за фотографија. На 20 години веќе станав фотограф за National Geographic. Сега сум во трка заедно со еколозите, да ја спасиме планетата да изгуби голем број на видови чија брзина е најголема по 65 милиони години кога Земјата ја погоди комета. Филмот може да биде моќно оружје на светот – оружје за масовна изградба. Мојата цел е радикално да го променам начинот на кој луѓето го сфаќаат документарниот филм.
Со овој проект сакам да се позанимавам со најважниот проблем со кој светот се соочува – губењето на биолошката разноликост до епски размери.
Комбинирајќи уверлив филм и револуционерна активациска кампања, сакаме да создадеме движење за промени“, вели режисерот Луи Психојос, кој со оваа амбициозна мисија ни го предочува нашето влијание врз планетата, истовремено инспирирајќи нè да ги прифатиме и примениме решенијата што би осигурале разновиден свет за идните генерации.