Италијанскиот град Милано ги објави победниците на конкурсот за ревитализација на плоштадот Piazza della Scala со идеја за негова реконфигурација во истиот изглед од 19 век. Конкурсот го добил чилеанскиот архитект Cristian Undurraga во соработкта со Laura Signorelli, Stefano Rolla, Sebastián Mallea, Soledad Fernandez, Michele Zambetti, Max Daiber и Leonardo Valdés. Проектот се однесува на демолирање на средновековните блокови кои што го одделуваат Teatro alla Scala и Palacio Marino, и воедно подобрување на целиот тој простор. Проектот се однесува истот така на поместување на одредени елементи како што се споменикот на Леонардо да Винчи со што се отвора простор за полесно движење меѓу Galeria Vittorio Emanuele и Via Manzoni.