Насловна / Вести / План за реконструкција на спортска сала „Партизан“

План за реконструкција на спортска сала „Партизан“

800px-TrajkovskiSportsArenaSkopjeMacedonia

Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ распиша оглас за изработка на акциски план за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во населбата Kарпош 4, како и на делови од спортскиот центар „Kале“, пишува „Дневник“.

Обновата на спортските комплекси, кои долго време не се чепнати, е дел од владината програма за реновирање постојни спортски капацитети во целата земја, која беше презентирана пред јавноста лани.

Kраен рок за пристигнување на понудите од заинтересираните понудувачи беше завчера, а деновиве ќе се избере и најповолната понуда. Таа се бара за сума до 250.000 денари.

Ќе се уредат салите, лизгалиштето и базените.

И салата „Партизан“ и СРЦ „Kале“ се спортски објекти, изградени пред речиси четири децении, низ кои поминале генерации спортисти.

Салата „Партизан“ е изградена во 1969 година како подарок на француската влада за Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Објектот тогаш не бил опремен, односно подоцна е дограден и опремен со спортски реквизити со пари на членството на клубот.

СРЦ „Kале“ е комплекс составен од мултифункционална спортска сала и други спортски содржини. Големата сала е позната како македонска ракометна тврдина. Главно таа се користеше за ракометни натпревари, но се одржуваа и други спортски настани,како бокс, борење, кошарка, одбојка, фудбал, како и музички концерти.

Испрати коментар

Scroll To Top