Нова атмосферска канализација ќе добие булеварот „Киро Глигоров“ кој важеше за црна точка при обилните дождови. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во соработка со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ акционен план за градежни зафати и решавање на критичните точки на булеварите кај кои секогаш при поголеми дождови доаѓа до поплавување.
Затоа, Трајановски упати и апел до градоначалниците на Скопје да ги лоцираат критичните точки на локалните улици на кои има проблеми, за да се прават атмосферските канализации, кои пак треба да се приклучат во главните колектори.
Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите десет критични места е околу два милиони евра.