Насловна / Вести / План на ЕУ за одржлива мобилност: Возови наместо авиони

План на ЕУ за одржлива мобилност: Возови наместо авиони

Во борбата против климатските промени, Европската комисија сака до 2030 година по европските пруги да сообраќаат двојно повеќе брзи возови. Планот е до 2050 година да бидат три пати повеќе, со цел да се намалат емисиите на CO2 во секторот сообраќај. Но, за постигнување на зацртаната цел, потребни се сериозни вложувања, велат европските оператори на железничкиот сообраќај. Според нивната проеценка, инфраструктирните инвесцтиции кои моментално се планираат, не се доволни за да се постигнат овие цели. Еден од проблемите се лоцира и во цените на билетите за патување со воз. Еколошката организација Greenpeace, во својата анализа заклучила дека патувањето со воз иако поповолно за климата е поскапо од патувањето со авион.  Имено, споредбата на двата вида на превоз на 112 рути ширум Европа, во неколку различни термини, покажала дека дури 71% од билетите за патување со железница биле поскапи од оние за патување со авион. Најголемата разлика во цената е забележана на релацијата Барселона – Лондон. Билетот за воз чинел и до 384 евра, што е 30 пати повеќе од билетите на нискобуџетните летови од 12,99 евра. Од друга страна, според пресметката на апликацијата EcoPassenger, патувањето со авион на истата релација ќе емитува околу 110 kg јаглерод диоксид по патник, во споредба со 60 kg CO2, доколку се патува со воз.

trains1

„ Се повеќе луѓе патуваат со воз, наместо со авион, но непостоењето на данок на керозин и субвенциите за авио индустријата значително влијаат врз цените. Ова е погубно за заштитата на климата“, велат од  Greenpeace. Тие повикуваат на воведување на данок на керозин во цела Европа од 50 евроценти по литар. Годишниот приход од овој данок би изнесувал 46,2 милијарди евра и би можел да се инвестира во железичката инфраструктура.

trains2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top