Компанијата Anyway Doors ја претстави новата пивот врата која, освен со својата површина од 5,5 квадратни метри, фасцинира и со начинот на функционирање.
Всушност, оваа врата може да направи полн круг и тоа во која било насока. Заради ваквиот начин на функционирање, ќе биде мошне згодна за делење на простории и визуелно одвојување на амбиентални целини.
Како што може да се види на фотографиите, вратата може да послужи и како room divider.
Погодноста на оваа врата е дека не постои поден фиксатор, како кај поголемиот дел од вратите од овој тип, пишува на сајтот Anywaydoors.
Ротаричкиот зглоб може да биде поставен во централниот дел на вратата, но и спуштен до позиција на 1/3 од ширината на вратата. Исто така, подвижноста на вратата може да се ограничи на агол од 90 степени или да се ослободи во движење во полн круг.
Стаклото кое е вградено во вратата е пет пати посилно од обичното стакло, и при евентуална оштета, распукнува на мали парчиња, кои и понатаму остануваат поврзани меѓусебно.
Ваква пивот врата е одлично решение за поголеми куќи, канцеларии од отворен концепт или изложбени простори.