Италијанскиот производител на пневматици Pirelli и германската технолошка група Bosch, најавија соработка на развој на технологија на „паметни пневматици, кои би требало да бидат интегрирани во системот за контрола на возилата. Новиот софтверски систем би требало да ја подобри безбедноста, удобноста, одржливоста и динамиката на возењето, комбинирајќи ги сензорите на Pirelli, интегрирани во пневматиците како и стручноста на Bosch на подрачјето на харвдерот и софтверот. Таа комбинација ќе овзоможи собирање, обработка и пренос на податоци за пневматиците во реално време, со цел обезбедување на параметри за електронскиот систем на контрола на возилата.
Во претходниот заеднички проект помеѓу овие компании, развиена е апликација за контрола на стабилноста на пневматиците кои се поставуваат на суперавтомобилите Pagani. Финансиските детали за новиот проект не се објавени.