Насловна / Архитектура / Пирамидата во Тирана: Нов живот на бруталистичката знаменитост на Албанија

Пирамидата во Тирана: Нов живот на бруталистичката знаменитост на Албанија

Познатото архитектонско биро MVRDV го изработи проектот за реновирање на бруталистичката знаменитост во Тирана, која служеше како музеј посветен на Енвер Хоџа, а подоцна беше запоставена и стоеше како дух на архитектурата на едно минато време, ишаран со графити. По не толку славното минато, пирамидата во Тирана конечно доживеа трансформација за пофалба, која, покрај локалното население, привлекува и бројни туристи.

12 (1)

Архитектите од MVRDV го осмислиле редизајнот на структурата преку форма на отворена скулптура во новиот парк, кој е дом на ансамбл од шарени кутии расфрлани во и околу оригиналната структура, а во која сега се сместени кафулиња, студија, работилници, стартап канцеларии, простори за организирање фестивали и училници каде младите ќе можат бесплатно да посетуваат технолошка едукација.

1

Мнозинството Албанци беа против уривање

Отворена во 1988. година како музеј, Пирамидата водеше многубројни животи додека MVRDV не стапи во неа. Од падот на комунистичкиот режим, зградата е користена како радио станица, ноќен клуб, место за конференции, центар за емитување, додека во 1999. година, за време на војната на Косово и Метохија, беше база на НАТО.

2

Постојаната промена на намената, заедно со некомпетентните претходни планови за реновирање, оставиле зад себе низа промени што ја направиле внатрешноста натрупана и мрачна.

Во последниве години, дебатата за тоа што е најдобро да се направи со структурата се покажала како многу контроверзна.

3

Студијата објавена во 2015 година покажала дека мнозинството Албанци се против уривање на објектот, а желбата им се исполнила кога во 2017 година Владата ги објави плановите за трансформација на бетонскиот монолит.

4

Ова ветување е реализирано со помош на Албанско-американската фондација за развој (ААДФ) и Општина Тирана, а одлучено е зградата да се претвори во простор за образование на младите Албанци.

Затоа, за многу жители на „земјата на орлите“, реновираниот објект ја симболизира победата над режимот, пишува Designboom.

6

Интересно е што во периодот на пропаѓање, градбата долго време служела како собиралиште на младите од Тирана, кои често се качувале по косите греди и се лизгале по нив, со неизбежен ризик од повреда.

13

Меѓутоа денес, скали се издигнуваат по косините, овозможувајќи им на луѓето од сите возрасти да се качат на врвот на зградата.

На западната страна на објектот со лифт е овозможен пристап до врвот на секој што не може да се качи по скалите, додека една греда е оставена за да може да се лизга по неа до подножјето на објектот.

5

Враќање на објектот на народот

Секако, една од најинтригантните интервенции на MVRDV е токму додавањето скали на косите фасади на зградата, што им овозможи на жителите на Албанија буквално да шетаат по „експонатот“ на поранешниот диктатор.

11 (1)

А покрај тоа што граѓаните сега можат да уживаат во панорамскиот поглед на градот, структурата што неофицијално ја нарекуваа Мумија, препознаена е од туристите како скриен скапоцен камен.

10 (1)

Со првиот самит на Берлинскиот процес надвор од границите на ЕУ, организиран на 16. октомври 2023 година и со официјалната инаугурација на зградата како бесплатна образовна институција за албанските тинејџери, истиот ден пирамидата во Тирана и официјално се врати на народот.

9 (1) 7 8 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top